Пред доаѓање во Вардар има сериозни проблеми: Останав на улица!

Новиот ракометар на Вардар од идната сезона, Анте Кудуз, се наоѓа во доста тешка животна ситуација.

Откако сопствениците на станот во Романија, од каде што е сместен во моментов, му го откажале сместувањето, тој се нашол избркан и на улица.

Причина за таквиот развој на настани е што неговиот се уште актуелен клуб Динамо Букурешт не ги помирил долговите кон соптвениците.

Три дена сум на улица, со мене имам само спортска опрема сместена во торба. Во три часот наутро не избркаа од каде што живеев, па морав да излезам и не смеев да противречам. Веднаш свртев во клубот, од каде ми рекоа дека ќе реагираат на тоа следната недела, а јас со себе немав ништо за нормален живот“, открива Хрватот Анте Кудуз.

Кудуз од новата сезона ќе ги брани боите на РК Вардар 1961.