Познато е колку ќе заработат Фјури и Вајлдер, рекорден износ за нивните мечеви

Тајсон Фјури синоќа со победата над Дионте Вајлдер ја одбрани светската шампионска титула според ВБЦ. Британецот до победата дојде со нокаут во 11 рунда.

Долгоочекуваниот дуел привлече големо внимание на љубителите на боксот, а беше особено интересен бидејќи стануваше збор за последната борба во трилогијата која започна во 2018 година.

Како таков, третиот, конечниот и најважен меч, генерираше и најголема заработка за боксерите досега. Според договорот потпишан пред борбата, Фјури ќе заработи 30 милиони долари и 60 проценти од заработката од ППВ приходот (пеј пер вју), додека на Вајлдер ќе му припаднат 20 милиони долари и преостанатите 40 проценти од ППВ заработката.

Се шпекулира дека заработката од продажбата на оваа борба ќе изнесува околу 100 милиони евра, па борците така ќе заработат најмалку 90, односно 60 милиони евра за оваа борба.

За потсетување, за својата борба во 2018 година Вајлдер заработи четири милиони долари, а Фјури само еден милион помалку. На вториот меч заработката беше значително поголема, па двајцата заработија по 25 милиони.