Познато е кој е позитивниот на ковид во Вардар!??

Поради еден случај на корона, најтрофејниот македонски клуб нема да игра на завршниот турнир од СЕХА лигата што од утре до 5 септември ќе се игра во Задар.

Ракометарот кој имал позитивен тест е голманот Борко Ристовски, неофицијално дознава sportclub.mk. Освен информациите кои доаѓаат од членови на клубот, но и од ракометната фела во државата, дополнителен доказ за ова е фактот што Ристовски, иако беше во составот и седеше на клупата, ниеднаш не застана на голот на натпреварот против Загреб што се играше пред два дена. Во текот на сите 60 минути бранеше Мартин Томовски што не се случило откако ветеранот е дојден во Вардар. Резултатите се добиени по натпреварот.

Местото на Вардар на завршниот турнир од Ф4 ќе го пополни тимот на Загреб кој беше поразен од нашиот тим, а беше најдобар од преостанатите екипи во основниот дел од сезоната.