Познато е кои двајца играчи ја одбиле капитенската лента од Солскјер

Откако минатата недела Оле Гунар Солскјер објави дека во текот на неговиот престој во Манчестер Јунајтед, двајца фудбалери одбиле да бидат капитени на екипата, британските медиуми открија за кого станува збор.

Тоа се Пол Погба и Маркус Рашфорд кои ја отфрлиле можноста од различни причини. Погба рекол дека планира да си замине од клубот, додека Рашфорд сметал дека не се чувствува подготвен за таква одговорност. Капитенската лента потоа отишла кај Хари Мегвајер, на општо изненадување на навивачите.

Кога Солскјер дојде во Јунајтед, капитен беше Антонио Валенсија, по заминувањето на Еквадорецот, шест месеци со лентата беше Ешли Јанг, па и тој се пресели во Интер за на крајот таа да отиде кај Мегвајер. Во моментов, капитен на Јунајтед е Бруно Фернандес кој ја игра четвртата сезона во тимот.