Познати ривалите за ЕП2022: Дамите на Македонија добија жестока група!

Ждрепката одржана во Љубљана денес попладнево, ги даде имињата на противниците на женската ракометна репрезентација на Македонија за ЕП, кое ќе се оддржи годинава во три земји, Црна Гора, Словенија и Македонија.

Европското првенство во ракомет за жени, ќе се оддржи во периодот од 4. до 20 ноември годинава, а и Македонија ќе биде дел од организаторите и дел од натпреварите ќе се играат во Скопје.

Македонските ракометни дами ќе бидат во групата Ц заедно со репрезентациите на Франција, Холандија и Романија.

Во групата А (Љубљана) ќе партиципираат репрезентациите на Данска, Унгарија, Хрватска и Швајцарија.

Во групата Б (Целје) се сместени Данска, Шведска, СЛОВЕНИЈА и Србија.

Во групата Д (Подгорица) ќе бидат селекциите на Полска, ЦРНА ГОРА, Германија, Шпанија.