Ужасни вести доби некогаш познатата фудбалерка, а денес докторка и успешна коментаторка.
Коментаторката на британската ТВ куќа ИТВ, Надија Надин, итно го напушти студиото за време на натпреварот помеѓу Данска и Тунис вчера, откако доби вест дека нејзината мајка починала.
Потоа таа се огласи и на Инстаграм за да им соопшти на следбениците дека камион ја удрил мајкаи додека оваа се враќала кон семејната куќа.
„Со зборови не можам да ви опишам како се чувствувам, ја изгубив најважната личност во својот живот и тоа се случи неочекувано. Имаше само 57 години. Животот не е фер и не сфаќам зошто неа и зошто баш сега, ја сакам многу и ќе ја видам некогаш и некаде“, порача Надин на Инстаграм.