Познат список на клубови кои летово го одбија Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо се уште не се откажал од својата одлука да се обиде да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето.

Португалецот на крајот од минатата сезона им порача на клупските челници дека сака да си оди, иако пред една година пристигна во Манчестер Јунајтед од Јувентус.

Целта на Роналдо е да потпише за клуб кој сезонава игра во Лигата на шампионите, а од тоа се уште не се откажува иако сезоната во Англија почна пред десетина дена.

Колку е решен да го напушти клубот покажа на почетокот на подготовките кога воопшто не се појави на прозивката и ги пропушти повеќето подготвителни натпревари, но проблемот беше што не успеа да најде нов клуб.

Во Манчестер Јунајтед дури се свесни дека најдобро е Роналдо да си замине од клубот, но не добиле никаква понуда за него.

Во последно време дури се шпекулира дека Јунајтед е подготвен да го пушти Роналдо бесплатно и да го раскине договорот со него, но за Португалецот е неверојатен проблем што не успеа да најде клуб кој би го довел.

Неговиот агент Жорге Мендеш преговараше со многу клубови низ Европа во текот на летото, но ништо не излезе од договорот. ЦР беше поврзуван со неколку европски гиганти, но никој од нив не сакаше да потроши огромни пари за него.

Англиските медиуми денеска ја објавија листата на клубови кои летово го одбија Кристијано Роналдо, што звучи сосема неверојатно со оглед на тоа дека тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Клубовите кои летово ја отфрлија можноста да го доведат Роналдо во своите редови се: Милан, Интер, Баерн, Челзи, Реал Мадрид, ПСЖ и Атлетико Мадрид.