Познат новиот селектор на кошаркарките – веднаш го објави списокот за квалификациите за ЕП 2021

Управниот Одбор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија на редовна седница официјално го назначи Владимир Ѓоровиќ за предводник на женската сениорска репрезентација.

Искусниот тренер на Струга 2009 во текот на летниот период работеше со сениорските репрезентативки пред почетокот на натпреварувачката сезона, а за првпат во својата кариера ќе застане на чело на сениорскиот национален тим.

Веќе в понеделник е закажан првиот собир на националната селекција која за точно две седмици ќе го одигра првиот натпревар во рамки на квалификациите за Европското првенство 2021.

Нашата женска сениорска репрезентација претстојниот понеделник (4.11.2019) ќе означи почеток на подготвителниот период за квалификациите за Европското првенство 2021.

Репрезентативките ќе тренираат во големата сала на Кале сè до 13. ноември кога ќе заминат за Германија каде и против кого ќе го одиграат првиот натпревар во оваа евроквалификациска рунда. На 17. ноември е закажан вториот дуел од овој прозорец, против Летонија на домашен терен. Натпреварот против Летонија ќе се одигра во големата сала при спортскиот центар Јане Сандански.

Првиот тренинг на репрезентацијата ќе се одржи на 4.11.2019 (понеделник) со почеток во 18:30 во големата сала на Кале.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ

Анџелика Митрашиновиќ – Buducnost Bemax (Црна Гора)
Александра Стојановска – Flamurtari (Албанија)
Софија Лазареска – Milano Basket (Италија)
Нена Трајчевска – Samsun Canik (Турција)
Ивана Кметовска – Бадел 1862
Ивона Пејковска – Вардар
Емилија Лазарова – Вардар
Сандра Лазареска – Бадел 1862
Драгана Јоловиќ – Бадел 1862
Јована Петрушевска – Вардар
Наталија Белеска – Вардар
Симона Деловска – Вардар
Матеа Николиќ – Ensino Lugo (Шпанија)
Илина Селцова – Ratgeber (Унгарија)
Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам
Наталија Секуловска – Бадел 1862
Габриела Модева – Струга 2009
Јована Стојанова – Вардар