Никола Миротиќ го напушта тимот на Олимпија Милано после две години престој во Италија и ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот гигант, Монако.
Информацијата ја сподели новинарот Тео Кинтар, кој тврди дека Миротиќ потпишал двегодишен договор (2+1 година) и ќе се приклучи на тимот по завршувањето на актуелната сезона.
Монако добива огромно засилување во неговото име. Просечниот учинок во Евролигата изнесуваше 17,7 поени, 6,4 скока и две асистенции по натпревар.
Францускиот тим две години во низа обезбедува учество на завршниот турнир во елитното натпреварување.