Познат е човекот кој го прекина мечот на СП: Тој е италијански фудбалер со „посебна мисија“

Синоќешниот натпревар помеѓу Португалија и Уругвај, накратко беше прекинат во вториот дел поради тоа што на терен влета човек со знаме на ЛЏБТ заедницата.

Човекот кој се протна низ редовите на обезбедувањето, втрча на терен, со цел да го привлече вниманието со знамето кое го носеше, бидејки е добро познато какви правила има во Катар околу ЛЏБТ заедницата.

Освен знамето, тој на себе имаше маичка на која пишуваше „повеќе почит за жените во Иран“ и „спас за Украина“.

Веднаш потоа обезбедувањето го улови и исфрли од стадионот, а сите се прашуваа која беше личноста која собра храброст да направи таква работа во Катар и да ризикува жестока казна.

Името му било Марио Фери, а станува збор за 35 годишен италијански фудбалер, на кого хоби му било да прекинува големи натпревари.

Фери играл на позиција десно крило, а во кариерата играл за бројни клубови во Италија, Сан Марино, Јордан и Индија, а моментално бил играч на нсиколигашот Кастел ди Сангра.