Позитивна енергија за олимпијците во Јапонија: НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

Пред самото отварање на Олимписките игри во Токио, домаќинот пригодно ја изненади македонската делегација со поздрав.

Македонската олимписка делегација е сместена во градот Чигисаки, блиску до Токио, па уште на самиот почеток, почувствуваа позитивна енергија и важност, откако домаќинот и организатор ги пречека со топло добредојде и паролата „Напред Македонија!“.

Се надевам ќе продолжиме со пријателство во иднина, жителите на Чигасаки и јас лично ќе навиваме за македонските олимпијци, напред Македонија“, порача првиот човек на градот, Хикару Сато.