Повторно тој Кирјос – сега удри ниско и безобразно и по Иванишевиќ

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, деновиве го торпедира со зборовите таборот на Новак Ѓоковиќ поради она што испадна од турнирот Адриа Тур.

Сметајки дека вината ја гледа само и исклучиво кај Новак Ѓоковиќ како организатор, тој деновиве не штедеше зборови на за првиот светски рекет, ни за неговиот татко, а сега ни за неговиот тренер Горан Иванишевиќ, кој исто така е позитивен на Ковид19.

Организираа турнир, а лидерите на таа организација водат 2:0“, напиша Кирјос на неговиот Инстаграм профил, со јасна алузија дека работите отидоа предалеку и дека вината ја гледа токму во нив двајца.

Овој коментар во нашето соседство беше искоментиран како низок удар и безобразно однесување на Кирјос, кој пред некој ден направи паралела во смисла дека неодговорноста на Ѓоковиќ ги надминува сите негови досега направени глупости.