Повторно истата приказна: Марсело останува во Реал уште една година!

Еден од фудбалерите со најдолг стаж во Реал, Марсело ќе остане на Бернабе до крајот на неговиот договор, во 2022 година, објавија шпанските медиум.

Промената на тренерската позиција и доаѓањето на Карло Анчелоти придонеле за промената на одлуката откако речиси цела сезона се зборуваше дека Бразилецот по 15 години ќе си замине од Реал. На неговата позиција и натаму го има Ферлан Менди кој најверојатно ќе биде во предност кога станува збор за стартната постава, но Марсело ќе се обиде да ја поправи својата форма и да се се избори за место во тимот.

Во овие 15 години, Марсело одигра 528 натпревари за Реал и е на само една титула од легендарниот Пако Генто кој е најтрофеен играч во историјата на клубот. Истото се однесува за Серхио Рамос кој речиси сигурно ќе го напушти Реал летово.