Повредите ги менуваат плановите на Арсенал: Артета меѓу редови најави трансфер?!

Aрсенал по се изгледа ќе треба да ја плати бараната сума на ПСЖ за нивниот лев бек Левин Кержава.

Дефанзивецот често се поврзуваше со трансфер на Емирати, но тоа некако беше тивко и срамежливо, но Артета е свесен дека поради честите повреди и неконстантност на Киран Тирни и Сеад Колашинац, мора да го менува планоот.

Сега THE SUN, брифира дека Арсенал ги променил плановите со Кержава, и дека биле подготвени да го ангажираат.

Тој има договор до лето, па на Арсенал и Артета останува дали ќе го донесат оваа зима со некое мало надополнување за ПСЖ, или на лето како бесплатен играч.

Имаме многу проблеми во одбрана, а фактот што Калум Чејмберс доживеа голема повреда, тоа ги менува нашите планови“, открива Артета, што веројатно најавува трансфер оваа зима.