Повредата на Меси и создава се поголеми главоболки на Барселона

Почетокот на сезоната за Барса не е баш идеален.

Четири од можните и проектирани девет бода не се плод само на нешто послабата игра туку и проблемите со бројните повреди, а најголем проблем од сите е отсуството на Лео Меси.

Аргентинецот нема настап за Каталонците уште од стартот на новата сезона, а сега пристигнуваат најави дека отпаднал од конкуренција за мечот со Валенсија во сабота, бидејќи Валверде наводно не сака да ризикува.

Но, не е само тоа, Меси е под знак прашалник и за отворањето на сезоната во Лигата на шампионите каде неговиот тим игра против Борусија Дортмунд.

Проблемот со листот, се чини, е многу поголем од она што го очекуваа сите, па паузата на Меси ќе потрае малку подолго.