Повеќе од ривали: Федерер го сака искуството на Надал за неговите деца

Швајцарскиот ас Рожер Федерер зборуваше со позитивна конотација за неговиот ривал и голем пријател, Рафаел Надал.

Тие двајца заедно со Новак Ѓоковиќ имаат по 20 Гренд слем трофеи и се неприкосновени во секој сегмент од денешниот тенис.

Федерер истакна дека ги гледа некогаш неговите деца во академијата на Рафаел Надал.

Довербата е клуч на едно пријателство, Рафа е некој на кој му верувам. Тој навистина го сака најдоброто за неговите ученици. Навистина се надевам дека еден ден ќе ги пратам своите деца во неговата академија“, истакна Федерер.

Сезоната за Федерер е завршена, исто како и за Надал, а идната сезона се очекува жестока битка и разврска за тронот во „белиот спорт“.