Повеќе нема дилема: Познато каде ќе биде завршниот Ф4 во СЕХА

Регионалната ракометна СЕХА лига денес објави дека годинава завршниот Ф4 турнир ќе се одржи во Белорусија, во градот Брест.

Ова ќе биде вторпат овој град да го нагости најдобрите четири екипи во регуларниот дел од сезоната, а организатор е домашната екипа Мешков.

„Фајнал-фор“ турнирот во СЕХА годинава ќе е одржи во период од 2. до 4. април, а на истиот учество ќе зедат нашиот Вардар, домаќинот Мешков, како и хрватските екипи ППД Загреб и Нексе.