Дерби натпреварот кој ПСЖ пред неколку дена го загуби од Лил (0:1), донесе за една доста комплексна ситуација.
Инцидентот кој се случи во подтрибинскиот простор помеѓу фудбалерите на ПСЖ и Лил, Нејмар и Тијаго Џало, не помина без казна.
Поради агресивноста на Нејмар, тој е сега казнет од француската фудбалска федерација.
Но не само Нејмар, туку и фудбалерот на Лил, ќе мора да одработат по три натпревари суспензија.