Пред десет дена југоисточна Турција и северна Сирија беа погодени од страшна серија земјотреси. Најсилниот бил 7,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот бил 7,5 заедно со низа поблаги, па човечките и материјалните загуби се големи.
Од ден на ден се зголемува бројот на повредени и загинати, а за жал денеска во Турција беше потврдена нова црна вест.
Иако оттогаш помина многу време, спасувачите се уште ги извлекуваат луѓето од под урнатините, но за жал повеќето од нив се без знаци на живот.
Така е и со четири одбојкарки на домашната екипа во Хатај, Расус Кимја Хатај од втората лига. Трагедијата ја потврди и Турската одбојкарска федерација.
„Со длабока тага дознавме дека како последица на земјотресот загинаа спортистите Гозде Озтурк, Дилек Мучук, Ахсен Бас и Ирем Куртоглу од одбојкарскиот тим Расус Кимја Хатај.