Потсетување на триплетата: Интер гради нешто сосема идентично

Во интервју за италијанскиот медим Скај Калчо, познатиот новинар Матео Марани го коментира денешниов Интер.

Тој смета дека Интер повторно гради победнички дух, кој за последен пат го имале во 2010 година, кога Мурињо замина од Џуземе Пеаца.

Мора да сфатиме што Конте прави со овој тим. Интер игра одлично, за разлика од минатата сезона. Тоа значи дека Конте знае да го мотивира тимот на некој луд начин, овој Интер има нешто во секое кое го немаше цела деценија“.

„10 години од славјето со триплетата, сега Интер се обидува да изгради нешто слично. Интер успева некако да се менаџира на врвот од табелата и без оглед на тоа што го нема квалитетот на Јувентус, сепак се на врвот. Конте е тренер кој носи нешто екстра во тимот“, смета Марани.

Интер од ова коло го превзема врвот во Серија А, откако Јувентус киксираше против Сасуоло (2:2).