Потпишан договор за соработка меѓу МОК и Крио МК

Денеска, претседателот на Македонскиот олимписки комитет, м-р Даниел Димевски и сопственикот на компанијата КРИО МК Бранислав Стојановски, потпишаа четиригодишен договор за партнерство со кој ГОЛДЕН КИНГ ќе ги пружи своите услуги на MOK во периодот 2021-2024 година на олимпијадите во Токио, Пекинг и Париз.

ГОЛДЕН КИНГ КОМПАНИ (КРИО МК), во комуникација и координација со МОК, ќе им ги пружи на македонските спортисти-олимписки кандидати своите високо квалитетни услуги во насока на подобрување на врвните перформанси и македонските спортисти-олимписки кандидати, за поефикасен и побрз опоравок по тренинг и натпревар, но и во ситуација на полесна спортска повреда или по оперативен зафат над спортистите.

Компанијата ГОЛДЕН КИНГ – КРИО МК е ексклузивен дистрибутер и увозник за крио сауни, крио комори и апарати за локална крио терапија за целиот Балкан, а исто така врши и продажба и дава услуги на NORMATEK апарати за опоравување, Cryo Fusion, Infrared и NIR Infrared машини, Float Tank (лебдечка капсула) и дава услуги од Normatek и машини за спортска дијагностика.