Потешко од очекуваното, но победнички крај на Вардар во регуларниот дел од сезоната во СЕХА

387

Екипата на Вардар, потешко од очекувањата, но во последното, 18. коло од СЕХА лигата славеш над Нексе со резултат од 29-25

Хрватскиот вице-шампион по првото полувреме водеше со 11-12, но во вторите 30 минути Раул Гонзалез го засили темпото, а Лука Циндриќ одигра еден вид симултанка за победа  на „црвено-црните“ со конечен резултат од 29-25.

Циндриќ со 7 погодоци беше прво име кај Вардар, додека неговиот сонародник и клупски колега Чупиќ постигна 5 гола.

Така, Вардар регуларниот дел од сезоната го заврши без пораз. Со 17 победи и едно реми нашиот првак ќе ја брани титулата во СЕХА лигата, а веќе познато е дека сезонава завршниот Ф4 турнир ќе се игра во Скопје.