Потегот на Мане кој го обиколи светот: Доволни беа 2 меча во Баерн за да го направи она што никогаш не го направил на „Енфилд“

Садио Мане има почеток од соништата во Баерн.

Еден од најдобрите играчи во светот има постигнато два гола на исто толку натпревари. Во првиот меч го освои трофејот, а во вториот го направи она што никогаш не се случило на „Енфилд Роуд“ во изминатите шест години.

Баварците со доминантна победа над Ајнтрахт од Франкфурт ја отворија новата сезона во Бундеслигата и веќе на стартот покажаа дека и со половина сили можат да стигнат до 11-та титула германски првак.

Средбата на Дојче банк парк пред повеќе од 50.000 гледачи заврши со победа на Баерн со 1:6, а Мане го постигна третиот гол за својот тим.

Имено, кога се славеше победата, одличниот офанзивец беше тој кој им пријде на навивачите и го зеде мегафонот во раце и почна да навива.

А навивачите со ентузијазам го дочекаа тој потег и сосема е јасно дека многу брзо добија нов миленик и дека нема да им биде многу жал за Роберт Левандовски.

Мане го сакаа и навивачите на Ливерпул, но општ впечаток е дека тој никогаш не покажал толкава блискост со симпатизерите на „црвените“ на „Енфилд“, без разлика на неколкуте освоени трофеи.