Постои тивка нетрпеливост во Ред Бул – тоа може да ви го каже Серхио Перез

Серхио Перез е свесен дека Ред Бул не постапи на фер начин кон него на трката во Барселона, кога иако во подобра позиција и посвежи гуми, мораше да му отстапи позиција на Макс Верстапен, кој подоцна и победи на трката.

Не беше фер таа ситуација, мислам дека имав шанса за победа. Кога прв пат му препуштив место на Макс, ми беше кажано дека ќе можам да се вратам на таа позиција. Имав подобар ритам од Макс и Расел, но и тоа не беше доволно за да на крајот јас бидам прв“.

Уште додека беше во болидот, Мексимакецот истакна дека му е сепак мило за тимската победа на Ред Бул.

Мора да разговараме за некои работи внатре во тимот. Не е нешто поради кое сум загрижен. Задоволен сум од атмосферата која ја имаме исе надевам дека ќе продолжиме во добар ритам“, истакна Серхио Перез.