Последно инфо – што рече Лукаку за трансфер сагата со Интер

Димитар Бербатов, поранешната деветка на „црвените ѓаволи“, го советува Ромелу Лукаку да остане во Манчестер Јунајтед и да ја продолжи авантурата со неговиот актуелен клуб.

Лукаку најверојатно ќе ја пропушти пријателската средба на Јунајтед против Интер утре, што може да биде сериозна индикација дека тој е веќе на пат кон Интер, но сепак треба да се сочека.

Лукаку е желба на тренерот Антонио Конте, но се уште е незивесно дали оваа трансфер сапуница ќе се оствари ова лето.

Лукаку сам изјави денеска за медиумите дека „во следната недела ќе знаете повеќе“, што алудира на тоа дека сепак во тек се преговори, а главната препрека е околу трансфер обештетувањето кое Јунајтед го бара (75 милиони евра), а Интер од друга страна нуди 65 милиони евра.

Мислам дека треба да остане, Лукаку ми се допаѓа, не се согласувам со критиките од навивачите на негова сметка, тој треба да размисли да остане во Манчестер“, рече Лукаку.