После Лука Јовиќ и второто промашување на Реал го напушта клубот

Едер Милитао (22) ќе го напушти Реал Мадрид до крајот на јануари.

Откако е договорена позајмицата на Лука Јовиќ во Ајнтрахт од Франкфурт, ќе замине уште еден фудбалер кој пристигна како засилување летото 2019 година.

Бразилецот Едер Милитао не доби премногу простор за игра оваа сезона со Зинедин Зидан. Тој настапи на само три натпревари и изрази желба да си замине.

Реал ќе му ја исполни желбата. Милитао ќе биде на позајмица до крајот на сезоната, а останува да видиме каде ќе заврши.

Милитао дојде во Реал од Порто за 50 милиони евра, но тој играше само 23 пати.