Португалски џудист освои бронза на ОИ, но им е лут на АДИДАС и ПУМА

Португалскиот џудист Жорже Фонсека (28), освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио, а медалот им го посвети на производителите на спортска опрема, Адидас и Пума, кои меѓу редови и ги пецна.

Како што самиот истакна и покрај добрите резултати во минатото, кога побарал од овие две компании да го спонзорираат, тие го одбиле со образложение дека нема доволно добар капацитет.

Ми рекоа дека немам капацитет да ги претставувам. Јас сум двоен светски шампион, а сега трет на Олимписките игри. Кој статус ми е потребен за конечно да ме спонзорираат?“, се прашува Фонсека.

„Ги повикав во Пума и ми рекоа дека не сум шампион за да ме спонзорираат, ги повика вво Адидас и ми рекоа дека немам спортски заслуги и дека не можат да ме спонзорираат, неразбирливо“, се надоврза Фонсека.