Машката ракометна селекција на Македонија загуби на домашен терен од Португалија со 6 гола разлика (24-29) во рамки од квалификациите за пласман на ЕП 2024.
Иако избраниците на Кире Лазаров на овој меч беа во доста подмладен состав, пружија солиден отпор на гостите кои го скршија во последните десетина минути од мечот.
Португалците константно водеа се до моментот во вториот дел кога преку Кузмановски поведовме со 20-19. И кога се чини дека ќе направиме комплетен пресврт, следеше нов голем пад кој Португалците знаеја да го искористата.
Најефикасни со по пет погодоци во нашиот табор беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов додека кај Португалија одлична вечер имаше Ариеја кој беше непогрешлив и запиша 10 гола.