Португалија ја победи Гана, Роналдо до уште еден голем рекорд на Светските првенства

Фудбалерите на Португалија успеаја да дојдат до победа против репрезентацијата на Гана со 3:2.

Мечот беше во знак на Кристијано Роналдо, кој последната недела беше во центарот на случувањата околу Манчестер Јунајтед.

Португалија поведе прва преку Роналдо, кој реализира пенал во 65. минута, а само неколку минути подоцна, Оје изедначи на 1:1.

Веднаш потоа, Португалија повторно дојде до предност, овој пат Жоао Феликс беше стрелец, а набрзо потоа, стрелаше и Леао за 3:1.

Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши со тој резултат, Букари постигнува гол за конечни 3:2.

Со тој гол Роналдо се запиша во историјата, со оглед на тоа дека стана првиот играч кој има постигнато голови на пет различни Мундијали. Пред Катар, тој погодуваше во Русија, Бразил, Јужна Америка и Германија.Po