Португалецот со шест деца: Роналдо повторно чека близнаци

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо со својата партнерка Георгина очекува нови принови во своето семејство.

На социјалните мрежи тој се пофали дека на пат се близнаци што значи дека тој ќе има вкупно шест деца. Досега ги има Кристијано Јуниор, близнаците Ева Марија и Матео Роналдо и Алана Мартина. Само Алана е со Георгина, а другите три деца се од сурогат мајки чиј идентитет не е откриен.

Се уште не се познати половите на петтото и шестото дете.