Порто откажа: Нема да ги доиграат сите натпревари од групната фаза во ЛШ

Порто го откажа своето учество во понатамошниот дел од Лигата на шампиони.

Клучна ситуација за таквиот потег е ситуацијата со нивниот голман Алфредо Кинтана, кој неодамна доби срцев удар.

Соиграчот и колега на Никола Митревски се уште се бори за својот живот, а информациите кои доаѓаат од Португалија, тврдат дека Кинтана е се уште во вештачка кома.

Останува да се види како ќе бидат распределени нивните бодови во групата и дали ќе се доделуваат на противниците на тимот од Португалија.