Порше купи 50 % од Формула 1 тимот на Ред Бул

Германската компанија Порше стана косопственик на Ред Бул во шампионатот во Формула 1.

Важна вест доаѓа од светот на Формула 1 – Порше купи 50% од Ред Бул и се ќе биде официјализирано до крајот на следната недела.

Веќе извесно време се зборува за доаѓањето на Порше и Ауди во Формула 1 шампионатот, се зборуваше и за нивното партнерство или меѓу тие две имиња или со некои од постоечките тимови.

Според последните информации, Порше со голем стил влегува во Формула 1, откако купи 50% од тимот на Ред Бул, стекна услови да ја продолжи доминацијата и да им покаже на Мерцедес и Ферари дека нивните намери се сериозни.

Засега нема информации за Ауди кој се поврзуваше со Заубер (имаат актуелен договор со Алфа Ромео), но не треба да нè чуди ако Ауди стане партнер на Алфа Таури.

Порше веќе беше во Формула 1 во периодот помеѓу 1957 и 1964 година, постигнувајќи една победа, пет подиуми и една пол-позиција, додека нивниот втор обид во 1991 година помина многу полошо.