Поразителен факт за еден од најдобирте ракометари на денешницата

Во четвртокот станаа познати сите учесници на Фајнл-фор турнирот во ракометната Лига на шампиони.

За титулата најдобар во Келн ќе се борат Веспрам, Киелце, Кил и Барселона, а на завршниот турнир ќе го нема ПСЖ. Тој загуби од Кил во најинтересниот четвртфинален дуел откако на вториот меч загуби со резултат 33:32.

По испаѓањето на ПСЖ, пристигнаа неверојатни и поразителни вести за Микел Хансен, за многу од најдобрите ракометари на денешницата.

Имено, големиот Данец се уште нема трофеј во Лигата на шампионите, иако во последните десет години настапуваше за две суперсилни екипи.

Хансен беше член на Барселона две години, а потоа играше за ПСЖ уште осум години, но не успеа да се искачи на тронот на европскиот клупски ракомет.

Искусниот ракометар со данската репрезентација има бројни награди, има освоено се што може да се освои, но очигледно нема среќа во ракометната Лига на шампиони.

Инаку, Хансен, кој моментално се опоравува од повредата, од следната сезона ќе настапува за дански Алборг, па останува да се види дали данскиот клуб ќе биде посреќен.