Пораз за одбојкарите на Македонија во Софија

Македонската одбојкарска репрезентација загуби на мечот против селекцијата на Бугарија, меч кој се одигра ова попладне.

Бугарија го доби овој меч со 3:1 во сетови, иако Македонија поведе во натпреварот добивајки го првиот сет (23:25).

Домаќинот ги доби следните три сетови со резултат 25:18, 25:22 и 25:18. Ова се практично мечеви во склоп на подготовките за идните квалификации за ЕП.

По враќањето во Скопје, на македонската репрезентација и следуваат мечевите со Босна и Херцеговина и Турција, мечеви преку кои нашите одбојкари ќе бркаат пласман на ЕП во септември годинава.