Пораз за Македонија во последната проверка пред настапот на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација загуби во генералната проверка пред почетокот на Европското првенство од репрезентацијата на Австрија.

По вчерашната победа со 3:0 во неофицијален натпревар, Македонија денеска забележа пораз од истиот противник, но во официјален натпревар, со 3:1 во сетови.

Австријците играа далеку подобро во однос на вчера, па првиот сет им припадна со 25:19, но нашите репрезентативци веднаш возвратија и израмнија на 1:1, освојувајќи го вториот сет со 25:21.

Но, Австрија одигра многу подобро во продолжението и преостанатите два сета ги доби со идентичен резултат, 25:20, за вкупни и конечни 3:1 во сетови.

Македонија со пораз ги заврши подготовките пред дебитантскиот настап на Европското првенство. Нашата репрезентација е сместена во групата Ц која се игра во Љубљана, а противници ќе ни бидат Финска, Турција, Русија, Белорусија и Словенија.