Поранешен светски шампион во сноуборд стана татко, 15 месеци по неговата смрт

Алекс Пулин е поранешен австралиски сноубордер, со неколку светски титули и настапи на Олимписки игри.

Почина во јули 2020 година, на 32-годишна возраст при риболов во Палм Спрингс. Минатата недела, 15 месеци по неговата смрт, тој стана татко откако неговата сопруга Елиди Пулин се породи по ин вирто фертилизација.

„Твојот татко и јас те сонувавме четири години, малечка. Горда сум што го исполнив тоа што го сакаше Алекс“, изјави Елиди откако ја претстави Мини Алекс Пулин.

Двојката се обидувала долго време да има дете додека сноубордистот бил жив, но не успеала, а за таа цел направила и ин витро. Алекс одлучил потоа да замрзне сперма од која Елиди по неговата смрт направила уште едно ин витро и од тоа ја добила својата ќерка.