Пораката на Ѓоковиќ до Федерер и Надал: Се ќе ви земам!

Новак Ѓоковиќ тргнува на ОИ за Токио со големи амбиции, да донесе злато назад во Србија.

По освоените три Гренд слем трофеи, сега на ред е тој да се обиде да освои злато, а потоа и комплетно да ја заокружи успешната година, со евентуално освојување на УС ОПЕН, со кој би зацртал календарски слем, нешто кое на никој досега му нема успеано.

Новак на ОИ ќе има конкуренција во вид на Данил Медведев, Андреј Рубовљев, Карен Хачанов, Стефанос Циципас и Александер Зверев.

Ѓоковиќ испраќа порака до Надал и Федерер дека е најдобар и мислам дека може се да им земе годинава“ порача Ди Пасквале, некогашниот освојувач на бронзен медал од ОИ во Сиднеј 2000 година.

Сите тенисери, како и останатите спортисти, поради строгите протоколи на Олимписките игри, ќе мора да прават ПЦР тест секој ден.