Пораката на Еклстоун до Фетел е конфузна: Изјавата изненадувачка за повеќето фанови

Некогашниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун, го советуваше Себастијан Фетел, да не оди по секоја цена во некој тим кој се натпреварува на највисоко ниво.

Ваквиот став на Берни е прилично дискутабилен, бидејки фановите сигурно не очекуваа Берни да го советува четири кратниот Ф1 шампион да се пресели во некој т.н „второлигаш“ во Формула 1.

Британецот смета дека германскиот возач за негово добро треба да избере некоја екипа која допрва треба да биде во изградба.

На негово место јас не би заминал во врвен тим. Треба да се обиде да работи со луѓе кои сега градат тим. Не гледам причина зошто треба да замине во тим каков што е Мерцедес. За Фетел е подобро да оди во друг тим и да помогне во изградбата на некој нов проект. Таквиот трансфер за него ќе биде добро, добро ќе влијае и ќе му донесе нешто сосема ново, како во времето кога почна да соработува со Ред Бул“, порача Еклстоун.

Фетел по крајот на оваа сезона, ќе се збогува со Ферари, каде беше дел од црвената машинерија пет сезони, во кои се обиде, но не успеа да одработи шампионска титула.