Поради сопругата и семејството – Федерер нема да оди на ЛОИ!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, иако се врати неодамна на терените, неговата форма ни одблиску не е таа што тој ја посакува.

Тој играше на турнирот во Доха, но беше елиминиран, а по елиминацијата истакна дека нема да биде дел од турнирот во Дубаи, па и во Монте Карло.

Сега според последните најави, Роџер Федерер нема да биде дел ни од летните олимписки игри, бидејки организаторот нема да дозволи со него во екипажот да пристигнат и нивните семејства.

Се уште е неизвесно, но постојат индикации дека тоа ќе се оствари и дека Федерер поради таквата одлука на организаторот, ќе го откаже учеството, бидејки не сака да патува без сопругата Мирка.

Токму поради слична ситуација тој и претходно го откажа учеството на Австралија Опен.