Поради Шкендија, дербито Тетекс-Вардар ќе се игра на селски терен?

Претстојното коло од Втората македонска фудбалска лига треба да го одбележи дуелот меѓу Тетекс и Вардар кои првпат во историјата ќе се сретнат во оваа конкуренција.

Мечот треба да се игра во Тетово, на Еколог арената која е во сопственост на Шкендија, а токму актуелниот шампион на Македонија им прави проблеми на клубовите со многу подолга традиција. Од тетовскиот прволигаш забраниле дуелот меѓу Тетекс и Вардар да се игра на градскиот стадион во Тетово затоа што во клубот, кој е сопственик на објектот, имаат сознанија дека в сабота ќе врне дожд и ќе се оштети теренот. Следниот ден Шкендија треба да го пречека Работнички, па тетовци сакаат подлогата да биде во добра состојба,

Поради ова, натпреварот меѓу Тетекс и Вардар најверојатно ќе се игра на теренот во селото Речица, во околината на Тетово, во амбиент кој не го заслужуваат овие два клуба.