Поради позитивен тест – цел Металург оди во изолација!

Поради позитивниот тест на еден од играчите на Металург, скоро извесно дека цел тим ќе мора да оди во изолација за да се спречи ширење на вирусот.

Бидејки ракометарот бил во контакт со цел тим, така да сите ракометари ќе мора да одат во изолација.

Резултатите за позитивниот тест пристигнале околу 19 часот и го затекнале Металург на пат за Богданци, каде вечерва требаше да се одигра натпреварот со екипата на Младост, во рамките на Суперлигата. Овој натпревар нема да се одигра.

Поради втор позитивен случај со симптоми дијагностициран денес, а за кого резултатите од тестот пристигнаа во 19 часот, ја одложивме средбата со Младост од Богданци. Целиот тим на Металург, вклучително и стручниот штаб, ќе оди во изолација од 14 дена, поради незаштитен контакт со позитивниот случај. Секако ќе бараме одложување и на натпреварот со Висла во Лигата на Европа“, изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.