Поради гестот на Роналдо – УЕФА најави можни казни за „непослушните“

Еден неверојатен тренд се случува на ова Европско првенство, нешто кое прв го поттикна Кристијано Роналдо.

Со тргањето на кока-колата од медиумскиот кадар, Кристијано Роналдо влијаеше и на останатите фудбалери, кои го прават истото.

Но сега УЕФА најави дека ќе бидат можни и казни, доколку со тој тренд се продолжи, бидејки и сепак, кока-кола е официјален спонзор на Европското првенство.

УЕФА испрати порака денес до сите тимови кои се дел од турнирот, дека спонзорите се дел од нашиот турнир и спонзори кои го поддржуваат развојот на фудбалот во Европа“, стои во официјалното соопштение на УЕФА.

Ќе биде интересно да се види кој ќе биде следниот играч кој ќе тргне кока-кола од пултот пред новинарите и дали воопшто ќе има веќе таков момент.