Попуштија – 150 милиони и шест имиња за најлудите соништа на Тотенхем!

Даниел Ливи попушти. Се шпекулира дека улога имале играчите, пред се Кејн, кој сега верува дека Тотенхем може да се бори за трофеи, откако италијанскиот тренер го доведе клубот до четвртото место и Лигата на шампионите.

Инаку, буџетот за засилувања не зависеше од четвртото место, бидејќи стадионот почна да остварува приходи по короната и финансиската состојба е подобра. Поголем проблем се вложените средства во фудбалери кои не се во плановите на актуелниот тренер.

Имено, Конте не смета на Регулон, Ло Селса, Ндомбеле, Хари Винкс, Емерсон Ројал, Бергвајн, повеќето од нив можат да најдат клуб, но веројатно само на позајмица.

Во секој случај, според вестите од Англија, на Конте и Паратичи ќе им бидат дадени на располагање околу 150 милиони фунти, а се очекува директорот да се ослободи од вишокот играчи.

Конте веќе има идеи за засилувања, се споменува англиски репрезентативец на Сити, но сепак ни се чини дека тоа е нереална мета.

Она што прво сака да го реши Тотенхем е прашањето на стоперот, целта е Бастони кога Интер би го продале за 60 или 70 милиони.

Но, освен стоперот, што друго му треба на италијанскиот тренер?

Овде се споменува и левото крило, Филип Костиќ, кој е и на мета на италијанските клубови.

Се бара партнер и за Кејн, идеално решение би бил Габриел Жесус, но и тоа е тешка мета.

Тие сакаат и резервен голман Фрејзер Форстер, како и универзалниот играч Макс Корнер од Барнли кој испадна од лигата. Неговата цена е 20 милиони, а може да покрие неколку позиции на страните.

Зјелински е на мета во средниот ред, но неговата цена е околу 50 милиони евра.

Паратичи кој дојде од Јувентус, важи за човек кој ја совладал уметноста да доведува слободни играчи со Марот, па не би било невозможно на крајот да се земе Дибала, да се врати Ериксен, а се споменуваат Лингард и Витсел, додека Тарковски попрво би прифати побогатата понуда на Њукасл.

Во идеалното сценарио Конте бара шест играчи, двајца стопери, лев бек, играч од средниот ред, еден офанзивен играч по крилните позиции, како и партнер Кејн во нападот.