Попушта притисокот: Вимблдон носи важна одлука во интерес на тенисот?

Челниците на британската тениска федерација и Вимблдон, размислуваат за забраната за настап на руски и белоруски тенисери.

Како што пренесуваат островските медиуми, оваа федерација, со која раководи Вимблдон, размислува да ја тргне забраната за тенисерите кои доаѓаат од овие две земји, односно кои би можеле повторно да играат на англиската трева.

„Сите очекувања сугерираат дека федерацијата ќе ја укине забраната за тенисерите од Русија и Белорусија“, пишува Дејли Телеграф.

Но и покрај тоа, во извештајот на Телеграф, се тврди дека од тенисерите на двете земји ќе се бара гаранција дека нема да промовираат и глорифицираат знамиња од нивните земји или знамиња со ликот на Владимир Путин и ќе се бара од нив да го потпишат тоа во посебна декларација.