Можеби и најдобриот македонски маратонски пливач на сите времиња, Евгенија Поп Ацев откако реши да стави крај на кариерата доби големо признание.
Имено на 18 мај следната година во Канкун, Мексико и официјално ќе влезе во ,Куќата на славните за маратонското пливање”(IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање.
„Најголема чест и привилегија е да се биде во ,,Куќата на славните за маратонското пливање”(IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање.
Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата , изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“, изјави Поп Ацев.
За потсетување неговата маратонска кариера траеше од 2007 до 2021 година и се тркаше на 106 настани од светска класа во 21 земја. Во 2015 и 2017 ја освои Гран при серијата на ФИНА како и ФИНА Ултра маратон серијата во 2019 година. Девег години по ред завршуваше на подиумот во генералниот пласман.