Понуда за трампа на играчи: Во Јувентус пристигна понуда од Мадрид

Додека се чека разврска со Кристијано Роналдо и дали тој ќе остане и следната сезона во Торино, за клубот од овој град, пристигнала неочекувана понуда од Мадрид.

Според Мундо Депортиво, кој се осврна на извор близок до ТутоЈуве, Атлетико Мадрид се обидувале деновиве повторно да дојдат во контакт со Јувентус за услугите на Паоло Дибала.

Со оглед на тоа дека во Торино се враќа Максимилијано Алегри, ќе биде неизвесно дали тој ќе дозволи заминување на Дибала.

Исто така, претходно Јувентус извести за останувањето на Алваро Мората идната сезона во Торино, што значи дека Атлетико Мадрид токму во тој играч гледа опција за да го добијат Дибала.

Таква трампа веќе им била понудена на Јувентус, па се чека одговор од „старата дама“, да договорат трампа, Мората за Дибала.