Полуфинале за Надал: Го победи Цонга и си закажа дуел против канадскиот тенисер

Рафал Надал се пласираше вечерва во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз, добивајки го Жо Вилфред Цогра со 7:6, 6:1.

Во првиот сет се беше во егал, Надал го доби сетот на тај-брејк и поведе со 1:0, а веќе во вториот, ривалот на шпанскиот тенисер целосно попушти.

Во вториот сет Цонга успеа да добие само еден гем и целосно да се загуби, а Надал да се вивне до уште едно полуфинале.

Таму сега го чека дуел за финале против тенисерот од Канада, Денис Шаповалов, кој претходно славеше против Гаел Монфис.