Полемиката се уште трае – директорот на АО открива дали го очекуваат Ѓоковиќ

И понатаму трае полемиката околу тоа дали еден од најтрофејните во „белиот спорт“, ќе биде дел од годинешното издание на Австралија Опен.

Како што е познато, само вакцинираните ќе имаат непречен влез во Австралија, а по се изгледа Ѓоковиќ се уште не примил вакцина, па организаторот прашање е дали ќе направи исклучок, за да може Ѓоковиќ да ја брани титулата.

Директорот на „Австралија Опен“, Крег Тајли, е сигурен дека Новак Ѓоковиќ ќе се појави во Австралија.

Освои 10 титули во Австралија. Сигурен сум дека ќе сака и по десет титули да дојде. Во денешно време, вакцинирани се 85% од тенисерите“, порача Тајли, додавајки дека „никој нема да има повластен статус“, алудирајки на тоа дека Ѓоковиќ нема да добие исклучок ако не се вакцинира.