Пола Редклиф трчаше на Кејот покрај реката Вардар

810

Неофицијалнатa светска рекордерка во маратон и промотерката на годинашниов 14.ти Виз Ер Скопски маратон Британката Пола Редклиф по само неколку часа минати во Скопје го направи и првиот тренинг на патеката на Кејот на реката Вардар. Таа во друштво на неколку македонски маратонци и рекреативци истрча неколку километри истакнувајќи дека е воодушевена од просторот за тренирање. Мотивирана од позитивната енергија, се реши да трча во недела (утре) на рекреативната трка од 5км, која е дел од манифестацијата.

Ова таа го најави и на прес конференцијата на која меѓудругото истакна:

– За успешноста на Скопскиот маратон имав слушнато и порано. Очекувам голема конкуренција на трките и многу луѓе да ги постигнат зацртаните цели.

14.то издание на Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи во недела на 6.мај. Почетокот на главната трка (маратон, полумаратон и штафетен маратон) е во 8.30 часот, додека трката на 5км. ќе стартува во 8:45 часот. Стартот и целта на маратонот е на плоштадот Македонија во Скопје.

На маратонот ќе учествуваат повеќе 10.000 натпреварувачи од 58 држави, а организаторот поради ограничениот број мораше пријавувањето да го затвори неколку дена пред означениот тајминг.

Подигнувањето на стартните пакети ќе се врши уште денеска од 10 до 19 часот во Хотел Парк Спа.