Пол-позицијата за Верстапен, Леклер како последен, но шокантен резултат е остварен на 2. позиција

Макс Верстапен си ја резервира за себе на денешната трка во Канада најдобрата позиција на стартот, додека неговиот главен ривал за титула, Шарл Леклер, ќе стартува од последната позиција.

Ферари немаше баш најдобри квалификации, а дополнително беа казнети и со 10 позиции наназад, поради промената на одредени делови во погонската единица во болидот на Шарл Леклер, така да Верстапен денес има комотна позиција за да ја зголеми разликата во бодови.

Изненадување во вчерашните квалификации беше втората позиција на Фернандо Алонсо, кој и покрај не така убедливиот болид, покажува дека има знаење и умешност и дека се уште не е за старо железо како што веќе го нарекуваат.

Од третата позиција ќе стартува возачот на Ферари, Карлос Синц, додека на четвртата позиција е Луис Хамилтон.

Во топ10 имаше уште м есто и за Кевин Магнусен и Мик Шумахер, па следуваа Окон, Џорџ Расел и Жу.